Гостиварец купил стан за 8.000 евра во Струга – барем така мислел

35 годишен гостиварчанец пријавил во полиција дека бил измамен од сограќанин. Според пријавата, негов познаник го повикал кај него затоа што кај него било лице кое продавало стан во склоп на хотел во Струга и ако бил заинтересиран да дојде да се договорат.

Исто така, според пријавата, тој отишол и се сретнал со лицето што нудело стан, при што се договориле да го купи станот за цена од 8.000 евра, а парите ги барал веднаш затоа што правел свадба.

Како што е пријавено, пријавителот се согласил и наредниот ден заедно со негов пријател во Гостивар се сретнале со „продавачот“.

Му дал половина од сумата и ги зел клучевите од станот, а неколку дена подоцна повторно се сретнале во угостителски објект и му ја дал втората половина.

Според пријавата, по неколку дена, тој. отишол во хотелот во Струга каде што го известиле дека лицето кое наводно му продало стан, не поседува стан во објектот и му дозволиле да провери. Оштетениот се сретнал повторно со лицето кое му ветило стран во Струга и по извршен разговор со него дознал дека бил измамен.

До денот на пријавување не добил сопственост на станот и не му биле вратени парите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.

Два нови случаи на Ковид-19 во гостиварско

– Во гостиварско изминативе 24 часа се регистрирани два случаи на инфицирани со Ковид-19. Едниот случај е откриен со скринигот на вработените во детските градинки, а вториот е потврден по смртта на пациентка која била донесена на реанимација во гостиварската болница.

Според Јакуп Јакупи, директор на општата болница „Ферид Мурад“ вчера попладне во урегентната единица била донесена повозрасна жена без знаци на живот и врз неа била правена реанимација, а по неуспешниот обид кај неа е откриено присуство на корона вирусот.

– Вчера попладне, била примена пациентка од селото Топлица, општина Врапчиште со коморбидети и без знаци на живот. Колегите се обиделе да ја вратат во живот, но за жал не успеале во тоа. По случајот се преземени сите мерки кои ги налагаат протоколите и кај неа пост мортум е откриен Ковид 19. Набрзо потоа во соработка со центрот за јавно здравје и епидемиолозите направена е дезинфекција. Дежурната екипа и лицата кои имале контакт со починатата се испратени во самоизилација, изјави за МИА директорот Јакупи.

Јакупи потврди дека имало неколку часовен застој во работата на ургентното одделение, но со доаѓањето на резервниот тим и спроведената дезинфекција, работата се одвива нормално. По случајот, во самоизолација се наоѓаат десетина лица.

Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари потврди дека има нов случај на инфициран со Ковид19 во гостиварсдката општина. Тој е откриен со скринигот на вработените во установата која раководи со детските градинки.

– На територијата на трите општини во моментов има вкупно четири активни случаи. По два во општините Врапчиште и Гостивар, додека претходните два случаи во Маврово Ростуше се водат како излечени, изјави Таравари.

Коментари

коментари