недела, 6 декември, 2020

Ќе се враќа ли полицискиот час: Денес огромен број на заболени – 58

Веќе трет ден како нема полициски час во Македонија, по што продолжува да расте и бројот на заболени од корона вирусот. Според информациите од Министерството за здравство, денес има дури 58 позитивни на корона вирус.

Оваа информација за „Фактор“ ја пренесуваат извори од Комисијата за заразни болести, кои се уште имаат состанок и се разговара за идните чекрои кои треба да бидат преземени.

Велат зголемувањето на бројот на нови заразени пациенти можело и да се очекува, особено по укинувањето на рестриктивните мерки.

Инаку, најголемиот број новозаразени се од веќе вчера споменатите скопски општини, Сарај, Чаир, Бутел….

Се очекува информацијата да ја потврди и министерот Венко Филипче во текот на денот.

Вчера имаше 38 позитивни на корона вирусот, а првиот ден откако беше укинат полицискиот час имаше 25 нови случаи.

Граѓаните веќе се плашат дека кај нас веќе доаѓа и новиот бран, а истиот би можело да значи и враќање на полицискиот час, како и на строгите мерки од пред неколку месеци.

МВР: За 24 часа се регистрирани 440 прекршоци за неносење заштитна маска

Министерството за внатрешни работи (МВР) регистрира 440 прекршоци за непочитување на мерка за носење на лична заштита на лице во последните 24 часа.

Покрај тоа, од МВР информораат дека се издадени решенија за изолација на 368 лица на територија на цела држава, додека 47 потпишале изјави за самоизолација

Полицијата извршила контроли и кај лица кои веќе се наоѓаат во изолација и самоизолација. Притоа е констатирано само едно прекршување на мерката самоизолација.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!