Тортевски: СДСМ се мрзеливи и затоа не ми е драга таа партијa

Откако професорот Фрчкоски рече дека бил симпатизер на СДСМ, Александар Тортевски, пак, рече дека таа партија не му е омилена поради нивната мрзеливост.

-Мене ме загрижува таа мрзеливост, и затоа не ми е омилена партијата СДСМ. Тие се некако мрзеливи, само гледаат како да седнат на фотељите“, рече Тортевски.

Тој откри и дека е поднесена кривична пријава против Реисот Реџепи.

-Поднесовме кривична пријава против Реисот за заканата дека ќе ги отвори џамиите, и дека ова ќе стане Авганистан ако не му дадат пари – обелодени Тортевски.

Тој посочи дека Владата им дала поголеми права на верските заедници, отколку на производителите.

лександар Тортевски во „КликПлус“ ги коментираше грешките како литијата во Струга, собирот пред џамиите и други прекршувања, ќе не чинат да се најдеме на листата на небзбедни земји.

„Еве Хрватска и Словенија имаат листа на небезбедни земји, и нема да ги пуштаат граѓаните во своите земји. Ќе се најдеме на таа листа, нема да не пуштаат во многу земји. Скапо ќе ги платиме тие грешки“, рече Тортевски.

Коментари

коментари