Фото

Рада Манојловиќ примена во болница по итна постапка

Српската пејачка Радмила Манојловиќ, која веќе имаше повреда на кичмата, овој пат токму од таа причина ја преплакала ноќта од болки, информира Курир.рс Како што наведува, пејачката поради повредата итно била примена во болни, односно сега мора строго да се придржува до советите на докторите, што досега, наводно беше случај.

„Ја повредила кичмата додека играла тенис и сега повторно оди кај киропрактичар кај кој одела претходно кога се вкочанила. Уште тогаш ја предупредил и рекол да внимава и да не прави никакви нагли движења, но Рада не послушала. Затоа сега одмора и ако се придржува до неговите упатства се ќе биде наскоро во најдобар ред“, рекол извор за Курир.рс

Рада Манојловиќ која е една од најзгодните пејачки на Балканот беше во врска со победникот на Ѕвезде Гранд Харис Берковиќ.

Често во медумите се појавуваат вести дека Рада Манојловиќ наводно раскинала со Харис Берковиќ, а пред година дена таткото на пејачката проговори и ја откри вистината.

„Навистина ми е сеедно. Се слушнав и видов со него. Па, што има да каже. Не читам весници, ниту гледам телевизија, само гледам филмови. Нема што да разговараме. Тоа дали има момче или нема, дали се разделени или не, тоа е сосема нормално. Еве, синоќа се видовме.Ние не зборуваме за ништо, само ќе се поздравиме како се да е во ред, а јас не знам дали се е во ред или не. Ако се заедно, значи дека е добро“ вели таткото на Рада за „пинк“.

Сепак во април годинава српските медиуми пишуваа дека тие раскинале откако пејачот одлучил да оди кај своите родители во Босна. Тие требало да останат заедно во својот стан во Белград, но пејачот на крај попуштил пред барањата на неговите родители да замине во Босна. На ова Рада му рекла дека нема потреба ниту да се враќа.

Коментари

коментари