Млад човек пронашол изгубен новчаник, подоцна добил писмо кое го расплакало

Се враќал од продавница, кога на паркингот до автомобилот забележал туѓ новчаник. Веднаш покажал дека е добар човек, со потегот кој го направил.

Џастин Тарел е студент кој напорно работи во една фабрика во градот Гринсборо, САД. Иако нема многу пари, тогај ниту во еден момент не помислил да стори нешто друго.

Младичот почекал да види дали сопственикот на изгубениот новчаник ќе се врати на истото место и да го побара загубеното, но поминало доста време, а никој не се вратил. Џастин одлучил да го отвори новчаникот и да види на кому му припаѓа.

Сопственикот живеел само 10-тина минути од супермаркетот каде бил пронајден новчаникот, па отишол да го врати, не очекувајќи никаква награда за тоа. Едноставно сакал да помогне.

После неколку недели добил писмо во кое пишувало нешто што го растажило. Писмото го напишала жената на мажот кој тогаш го загубил новчаникот.

Во писмото таа кажува како нејзиниот маж ја замолил на Џастин да му испрати 50 долари како мал знак на благодарност. Додала и дека и било жал што требало да помине толку време додека да го прати писмото, но минувала низ едни од најтешките времиња на својот живот.

Всушност, таа дознала дека нејзиниот маж починал пред неколку недели.

Џастин оваа вест буквално го потресла, но од друга страна му било мило што жената се јавила и му дала до знаење колку ги цени луѓето како него.

Коментари

коментари