понеделник, 19 април, 2021

За почеток на кафулињата: Секое второ пиво гратис

Интересна идеја, предлог и иницијатива за нашите кафулиња. Откако паузираа околу два месеци поради пандемијата од корона вирусот, тие од четврток повторно ќе можат да работат.

Во Чешка веќе донеле одлука, секое второ пиво да биде гратис, па тоа може да биде и кај нас, нели?

Од денеска сите кафулиња и ресторани во Чешка повторно се отворени, а најголемата пивница во земјата Пилснер Уркел има промоција, со која секое второ нарачано точено пиво ќе биде бесплатно.

Чешките медиуми објавија дека акцијата се однесува на секоја пивница од тој бренд.

Кафулињата и рестораните беа затворени во Чешка од средината на март поради мерките за спречување на ширењето на новиот коронавирус.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!