четврток, 2 февруари, 2023

(ВИДЕО) Чулев: Oтворeни неколку сериозни истраги против јавни функционери, потврди Чулев

Министерството за внатрешни работи отвора неколку истраги во кои инволвирани се и носители на јавни функции, соопшти министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев во интервју за ТВ 21.

-Ние веќе имаме отворено сериозни истраги, во областа на организираниот криминал и во областа на корупцијата. Ќе излеземе во наредниот период и со пресови преку кои ќе ја информираме јавноста, а тоа не го направивме претходно поради корона вирусот, рече Чулев.

Додаде дека и покрај тоа што Министерството беше доста ангажирано во борбата против коронавирусот, работеше и на неселективна сериозна борба против организираниот криминал и корупцијата, како и сериозни злоупотреби на системот.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!