петок, 26 февруари, 2021

Реисот Реџепи сам се смени: Дали поради својата жена или нешто друго е во прашање?

Додека во медиумите се шират информации дека смената на поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи е поради неговата женидба со 50 години помладата жена, неговиот конкурент за „тронот“ на ИВЗ, Скендер Бузаку тври дека во разрешувањето на поглаварот е вмешана политиката и дека сето ова е во режија за Реџепи, пренесува Фокус.мк.

-Овие што наводно го сменија се со него. Целта е да се заштитат и да го прикријат сторениот криминал. Тие треба да дадат отчет бидејќи со децении го премолчуваат и поддржуваат уништувањето на ИВЗ. Сите тие треба да поднесат оставка поради колапсот до кој ја донесоа институцијата, вели Бузаку во изјава за порталб.мк.

Тој го спори и неговиот наследник односно одлуката за избор на гостиварскиот муфтија Шаќир Ефенди Фетаху бидејќи токму Бузаку води судски спор за позицијата.

Тој лани се прогласи за поглавар на ИВЗ и битката пред судовите за овој спор се уште се води.

Извор: ФОКУС.мк

Реисот Реџепи се ожени за 50 години помлада девојка, протекоа фотографии од церемонијата

Поглаварот на Исламската верска заедница, реисот Сулејман Реџепи се ожени по втор пат, а овојпат се омажи за дури 50-години помлада девојка.

Според она што се објавија повеќе медиуми, станува збор за 24-годишната Емина Јетиши од Скопје. Таа е потпретседателка на огранокот на ДУИ во Студеничани.

Реџепи претходно 4 години беше „сингл“.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!