петок, 26 февруари, 2021

Маж, кој бил жена е бремен од манекенка, која била маж (ФОТО)

Колумбиската трансродова манекенка Дана Султана, која е родена како маж , а се идентификува како жена, сподели фотографија на социјалните мрежи со сопругот Естебан Ландрау, кој е роден како жена и во моментов е осум месеци бремен.

„Љубовта е љубов“, ја започна Дана својата исповед на Инстаграм, каде ја следат 219.000 луѓе.

Тие го зачнале бебето природно затоа што двајцата ги сочувале органите со кои се родени, јавуваат локалните медиуми.

Естебан неодамна мислел дека има контракции и ќе го роди бебето порано од планираното, но во болницата го убедиле дека неговите симптоми се сосема нормални.

Тие исто така објавија дека ќе станат родители на момче кое ќе го крстат Ариел.

„Ова е прекрасно, им давате надеж на илјадници трансродови луѓе“, им напишал еден од нивните многубројни обожаватели.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!