Кога последната желба му е погреб во мерцедес (ФОТО)

Кога доаѓа крајот, секој човек има барем некоја желба. Дали станува збор за нешто што не успеал да го направи или пак сака неговите најблиски да го сторат.

Па таква желба имал и Цакеде Питсо од Јужна Африка, кој одлучил на другиот свет да замине на поинаков начин. Како што пренесуваат светските медиуми, неговата последна желба била да биде погребан во својот Мерцедес.

Питсо имал 72 години, откако починал бил однесен во својот вечен дом, каде бил облечен во своето омилено одело, а двете раце му биле прицврстени на воланот од автомобилот.

Потоа работниците од погребално друштво влеглве во огромниот гроб и го спуштиле автомобилот внатре.

Питсо бил бизнисмен и имал шест деца. Неговата ќерка Сефора Летсвака вели дека нејзиниот татко некогаш бил богат бизнисмен и имал возен парк од автомобили на Мерцедес. Но, поради финансиски проблеми во последниот период бил приморан повеќето да ги продаде.

Сега, мирно и спокојно ќе вози до крајот на универзумот.

Коментари

коментари