петок, 29 септември, 2023

(ФОТО) Венко Филипче се сретна со семејството на Емилија Динева

Министерот за здравство Венко Филипче утрово е во Дојран, во посета на општината кај градоначалникот Анго Ангов. Тој остварил средба со фамилијата на Емилија Динева, донорот кој спаси три човечки животи.

-Утрово се сретнав со семејството на Емилија Динева и градоначалникот на општина Дојран Анго Ангов.

На семејството им изразив најголема почит и благодарност за хуманоста која ја покажаа во нивните најтешки моменти. Тие дадоа надеж и шанса за живот на три семејства.

Тие спасија три човечки животи. Поради нив, за првпат во земјава се изведе трансплантација на срце, а два бубрега се трансплантираа кај двајца пациенти кои подолго време беа на дијализа.

Пациентите се во добра и стабилна здравствена состојба. Органодарителството е највисокиот чин на човекољубие и хуманост. Горд сум на ова семејство.

Коментари

коментари