Започнува исплатата: Денес ќе добијат по 100 евра сите кои аплицирале за помош

Во Македонија и овој викенд е полициски час, додека во соседствто државите започнаа со реализирање на економските мерки, со цел да им се помогне на загрозените граѓани.

Во соседна Србија од денес започнува исплатата од 100 евра во динарска противвредност, а ќе ја добијат сите граѓани кои се регистрирале преку страницата idp.trezor.gov.rs

Од денес па во следните 8 денови ќе се врши исплата, затоа што е предвидено секој ден да се исплаќаат по околу половина милион граѓани.

Министерот за финансии на Србија, Синиша Мали, објави дека вкупно 4 милиони граѓани на Србија, заклучно вчера, односно во последните десет дена, аплицирале за еднократна парична помош од 100 евра.

На 24 април, Владата на Србија донесе Уредба за исплата на 100 евра на сите полнолетни граѓани на таа држава, со постојан престој во Србија и валидна лична карта.

Рокот за пријавување е 5 јуни, а за оние кои ќе аплицираат на последниот ден, парите ќе бидат исплатени на банкарските сметки до 7 јуни.

Коментари

коментари