Ќе има нова вонредна состојба, ако партиите не се договорат за избори, порача Манчевски

Ако нема договор за избори, тогаш ќе има нова вонредна состојба. Потпретседателот на Сдсм Дамјан Манчевски најави дека доколку партиите не се договорат до 30 мај за термин кога би се одело на гласање, тогаш треба да се продолжи вонредната состојба.

“Јасно е, ако до 30 мај нема договор за избори, ние ќе мораме да ја продолжиме вонредната состојба. Имаме секој ден нови заразени, тоа е факт, но далеку сме од претходните недели. Граѓаните не може да се водат од интересите на една партија. Затоа имаме прилика да се договориме кога ќе имаме избори”, изјави Манчевски за “Детектор”

Тој признава дека секој ден имало новозаразени од корона вирус, но сликата била далеку подобра од порано. Социјалдемократите се држат до ставот дека изборните дејствија треба да продолжат уште 22 дена иако ДИК истакна дека за таков рок не може да спроведе избори.

И лидерот на СДСМ Заев во интервју за Мкд.мк вели дека за изборите треба да се постигне консензус за првиот термин кога ризикот за ширење на заразата ќе биде сведен на минимум. Објаснува дека ќе направат се опозицијата да учествува на изборите и дека се подготвени за компромис. Иако ги отфрла август или септември како можни термини.

„Предлозите за избори на крајот на август или почетокот на септември, всушност се предлог воопшто да нема избори. Не постои ниту здравствен, ниту политички авторитет што може да тврди и да гарантира дека тогаш ќе нема ниту еден заболен случај. Наша одговорност е да им се спротивставиме на обидите да се предизвика политичка криза”, вели Заев.

За повеќе детали на Алфа.мк

Коментари

коментари

error: Content is protected !!