Трансплантацијата е успешна: Доцна во ноќта, зачука срце

Доцна во ноќта додека градот спиеше во 02:43 часот зачука срце. Во Република Македонија, на Универзитетската Клиника за Државна Кардиохирургија се направи прва трансплантација на срце, напиша на Фејсбук д-р Кристијан Бундовски, специјализант по васкуларна хирургија.

– Вредните раце и паметните глави на нашите врвни стручњаци на чело со Проф. др. Сашко Јовев, во оваа вонредна состојба направија чудо….испишаа историја !! Во услови на пандемија, во услови на страв, во услови на безнадежност … победи хуманоста и љубовта. Победи цената за сите оние непреспиени ноќи над книга, победи секоја солза и тага за загубен живот, победи вистинска посветеност, да се биде ! Хируршкиот тим со извонредна професионалност, прецизност и внимание го изведе ова ремек дело, a кога би ги претвориле сите оние милиметарски потези во ноти, во операционата сала број 2, оваа ноќ свиреше симфонијата „Живот”! Честитки Господа !!!, напиша докторот.

-Трансплатацијата успешна! ❤️ Ова е огромен успех на македонското здравство. Честитки до сите колеги, напиша министерот Венко Филипче.

Во овој историски подвиг учествуваа тим од кардиохирурзи под водство на Сашко Јовев (Државна Кардиохирургија), Жан Митрев (Клиника Жан Митрев) и Александар Николиќ (Клиника Систина) и Маја Мојсова анестезиолог (КАРИЛ).

Коментари

коментари