Среде улица нашла вреќи со пари – во торбите имало милион долари

Едно семејство од Каролина Каунти во Мериленд пронајде вреќи со пари, скоро милион долари на автопат минатиот викенд.

Додека се возела со семејството, Емили Сканц забележала дека торба испаднала од комбето и удрила во нејзиниот автомобил.

– Застанав и забележав дека има уште една таква торба оддалечена околу 15 метри на патот, па гизедов и двете и ги ставив во својот автомобил, не знаејќи дека во нив има скоро милион долари- рекла таа.

Потоа се заминала директно во канцеларијата на шерифот и пријавила дека на автопатот пронашла торби со неидентификувани содржини, а набргу потоа било утврдено дека во торбите има пари.

Истрагата утврди дека торбите со пари испаднале од оклопното возило за транспорт на пари и дека тие најверојатно биле наменети за банката, но сè уште не се знае како паднале од возилото.

„Ние ја направивме вистинската работа, затоа што не се наши пари“, рече Емили Сканц.

Коментари

коментари