петок, 29 септември, 2023

Доаѓа крајот: Денеска без регистриран случај на корона вирус во Кина

Крајно убави и позитивни вести доаѓаат од Народна Република Кина, каде после долг период, нема регистрирано ниту еден заболен од корона вирусот.

Според официјалните статистики, од јануари до вчера, секој ден имаше заразени од корона вирусот во Кина, каде денес за прв пат тоа не е случај.

Ковид 19 се појави кон крајот на 2019 година во кинескиот град Вухан, а во цела Кина има околу 83.000 заразени пациенти и над 4.000 починати.

Од Вухан, преку Кина и Азија, вирусот се прошири низ цел свет, па и во Македонија. Севкупно има над 5.000.000 заразени од кои дури 330.000 починаа.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1941, бројката на оздравени пациенти е 1411, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 417.

Коментари

коментари