Во петто одделение добив кец математика, поучна приказна на Дарија

Во петто одделение добив кец математика. И тоа кај класната. Татко ми, машински инженер- математичар. А и јас многу сакав математика. За тест се спремавме вака: ќе ја прочитам задачата, татко ми ќе ме праша како ќе ја решам и толку.

Кец. Се враќам дома, му го давам листот на татко ми со сите десет задачи решени и кец.

Го гледа тестот – “па точни ти се сите задачи”. Знам, велам. Се потпиша на секоја задача и пиша “задачата е точно решена”. Ми рече да го вратам тестот кај класната.

Таа го повика после татко ми. Му објаснила дека се точни задачите, ама не се решавани како што сме учеле на час. Тој и’ се изнасмеал и и’ рекол дека голема грешка прават што не ги охрабруваат децата да бидат креативни и да ја сакаат математиката.

После тоа ме праќаа на натпревари по математика.

Ама кецот математика ме научи дека веројатно ќе бидеш казнет ако отскокнуваш и поинаку размислуваш, иако си во право.

Коментари

коментари