Во 2001 да имаше ФБ и Твитер можеби експертите ќе ми кажеа како да војувам

Генералот Стојанче Ангелов на својот Фејсбук профил сподели фотографија од 2001-ва година и даде интересен коментар.

Коментарот е упатен до сите експерти на социјалните мрежи, кои знаат буквално се и се способни да дадат коментар на секој една тема.

Фотографијата е од 2001 година, кога настрадал џипот на полицијата, но најважно од се, истата поминала без жртви.

-Убав џип беше се додека не налетав на заседа од мојот поранешен непријател во една од најжестоките битки на Шара во 2001-та. Штета што тогаш немаше твитер и ФБ за да можат овие кои сега плукаат по мене да ми кажат што да правам. Можеби ќе го спасев и џипот а не само луѓето,- напиша Стојанче.

Коментари

коментари