Владата одлучи: Полициски час од недела до вторник

Владата денескака во 17 часот одржа седница, на која главна точка беше прифаќање на предлогот на Комисијата за заразни болести за целосен карантин од 58 часа односно од сабота од 19 часот до вторник до 05 часот.

Овој предлог од страна на Комисијата за заразни болести веќе неколку денови беше пренесуван во речиси сите медиуми, при што лесно можеше да се забележи и мислењето односно реакцијата на граѓаните за истото.

На социјалните мрежи се пишуваше како уште едно затворање на граѓаните ќе биде лошо пред се за нивното психичко здравје.

-Следејќи ја моменталната епидемиолошка состојба со Ковид-19, како и препораките на Комисијата за заразни болести, на денешната владина седница донесовме одлука за зголемена рестрикција на движењето на граѓаните за време на претстојниот празничен викенд.

Се забранува движењето на сите граѓани на целата територија на државата почнувајќи од недела, 24 мај, во 11:00 часот до вторник, 26 мај, до 05 часот.

Во сабота, на 23 мај, забраната за движење останува иста како и за сите други денови, од 19 часот до 05 часот наутро.

Коментари

коментари