Уапсен поради мито еден од првите луѓе во борбата против епидемијата во Италија

Од луѓето кои се поставени на позиции најмногу да бидат внимателни и да раководат со крајно тешката ситуација, воопшто не се очекувало вакво нешто.

Полицијата на Сицилија во четвртокот под обвинение за корупција уапсила здравствен функционер кој на италијанскиот остров бил задолжен за координација на борбата против епидемијата на коронавирусот, а заедно со него се приведени уште девет лица, соопштија полициски извори.

Антонио Кандела е под сомнение дека на должноста којашто претходно ја извршувал ги лажирал тендерите во здравствениот сектори и бил „дел од круг во кој се вклучени стопанственици и корумпирани јавни службеници“, се наведува во соопштението на сицилијанската полиција.

Кандела пред да стане задолжен за координација на борбата против коронавирусот, бил директор на сицијалнското Биро за здравство чиешто седиште е во Палермо. Во моментов тој е ставен во домашен притвор.

Од таа позицијата меѓу лицата задолжени за јавните набавки на медицинска опрема и услуги во вредност од речиси 600 милиони евра во периодот од 2016 година до денес. Лицата кои ги местеле ваквите тендени, како што се наведува, за тоа примиле мито во износ од 1,8 милиони евра.

Коментари

коментари