Терапија за сите пари

Медицинската сестра од Тула, чии фотографии во проѕирно заштитно одело под кое се гледа долната облека го обиколија светот, стана вистинска сензација и главен лик на мемиња.

На почетокот се зборуваше дека медицинската сестра ќе биде казнета и дека против неа е покрената дисциплинска постапка, но за пожртвуваноста на работното место доби пофалби од рускиот министер за здравство, па и од губернаторот на Тулската област.

Како што наведуваат медиумите, ја поддржале и колегите лекари, граѓаните и официјалните лица.

Медицинската сестра од Тула Надежда Жукова во меѓувреме стана вистински хит на социјалните мрежи, а многумина ја видоа како симбол на борбата на медицинските работници против коронавирусот.

„Каква фантастична медицинска сестра! И дедото го симна респираторот!!“

Корисникот на „Фејсбук“ Шавкат Ајхоџаев инсистира дека медицинската сестра не смее да биде казнета, туку наградена за храброста и посветеноста на работата.

„Кога би имало повеќе вакви здравствени работнички, сите би оздравеле за миг“, претпоставува друг корисник.

Коментари

коментари