Повеќе привилегии од луѓето – домашните миленичиња ќе може да шетаат трипати на ден

Бура од реакции на социјалните мрежи, повеќето на мајпат, но некои и сериозни, откако Владата одлучи викендот од недела (11 часот) до вторник (05 часот) да воведе полициски час.

И покрај оваа одлука, повторно е разгледана и опцијата за домашните миленичиња, кои ќе имаат дури три термини за шетање.

Граѓаните, во периодот кога важи забраната за движење, своите миленичиња ќе можат да ги изнесуваат наутро од 8 до 8.30 часот, потоа попладне од 15 до 15.30 часот, како и навечер од 20 до 20.30 часот, до 100 метри оддалеченост од живеалиштето и со примена на останатите мерки за лична заштита, информираат од Владата.

Како што претходно соопштија од Владата, за продолжениот празничен викенд, полицискиот час во сабота е ист како и секој ден од 19 до 5 часот, а во недела ќе почне во 11 часот претпладне и ќе трае до 5 часот во вторник.

Коментари

коментари