Фото

МИА се корегираше: Пренесе погрешна информација: Филипче предложил отворање на границите на 15 ЈУНИ, а НЕ НА 15 ЈУЛИ

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека скринингот во градинките завршува следната недела, најавувајќи дека детските установи ќе започнат со работа кон почетокот на јуни.

– Оваа недела би требало да заврши скринингот и веќе од онаа следна недела градинките ќе почнат со работа, значи отприлика на почетокот на јуни – рече Филипче во интервју на Телевизија 24.

На новинарското прашање кога се планира да се отворат границите, министерот нагласи дека тоа се очекува кон средината на јуни.

Сепак, МИА претходно објави вест која донесе до забуна кај читателите односно пренесоа дека министерот за здравство Венко Филипче најавил отворање на границите на 15 јули.


Коментари

коментари