‘Пред еден месец мојот маж отиде на преглед’

Пред околу еден месец, мојот маж отиде на лекар.

Од тогаш е загрижен, се повлече во себе, ќути, ништо не зборува, а речиси половина од ноќите ги помина на интернет, не спие, се гледа на него дека нешто не е во ред, дека нешто го мачи.

На секое мое прашање, само ми враќа дека не е ништо, да го оставам. Започнав да бидат загрижена и тоа многу.

Ми требаше некое време, додека не го „фатив за уши“, ама буквално, седнавме на каучот и му реков: „слушај ме сега, ќе ми кажеш што се случува, за што се работи, не можам повеќе да те гледам ваков“.

Тој само тажно ме погледна и рече: „кога се враќав од лекар, слушнав како моторот зуи, бев кај механичар и отишла турбината, нова 700 евра, репарирана 350 евра“.

Е тогаш добро е што се воздржав и не го убив!

Коментари

коментари