Македонци без тестирање и карантин можат да одат во Грција

Грција своите први туристи оваа година ќе ги прими од 15. јуни, а на листата на гости ќе се најдат и нашите патници кои што ќе можат да патуваат во оваа земја.

Грчката телевизија „Скај“ објави 19 земји на кои Грција ќе им дозволи влез во земјата без карантин и тестирање, меѓу кои е и Северна Македонија.

Освен нашата земја, на листата се најдоа и Кипар, Израел, Кина, Јапан, Австралија, Норвешка, Данска, Австрија, Бугарија, Србија, Романија, Албанија, Полска, БИХ, Унгарија, Словачка и Чешка.

Правила и протоколи за пречек на првите туристи во Грција

Министерот за туризам на Република Грција објави дека сите патници што сакаат да летуваат во Грција треба да имаат негативен здравствен тест, не постар од 72 часа, без кој „нема да можат да влезат во авион“. Првпат се споменува дека „авионите, во вакви услови, ќе бидат полни, но пијалаци и храна нема да се сервираат, освен спакувани производи.“

Што се однесува до сместувањето, министерот за туризам истакна дека „во секое место ќе има обезбедено по еден хотел, кој би функционирал како карантин“ и дека „сите сопственици на сместување ќе треба да имаат договор со лекари што би ги тестирале туристите во секое време.“ Во случај да бидат позитивни, тие мора да бидат пренесени во хотелот за карантин најдоцна во рок од шест часа.

Коментари

коментари