Дел од новозаразените потекнуваат од литијата во Струга и од ифтарските вечери – вели Манчевски

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски во денешното гостување на ТВ 24 откри информации кои не беа соопштени претходно.

Според зборовите на министерот, дел од 40-те новозаболени денес, се и луѓе кои биле на литијата во Струга, како и од ифтарските вечери.

-Овие денови бројот на заболени е поголем, но здравствените власти точно ги знаат кластерите на заразени, односнот немаме непознати жаришта.

За жал, дел од новозаразените потекнуваат од литијата во Струга и од ифтарските вечери, кои се случија во последните неколку недели.

Доколку сите граѓани без разлика на вера сакаат да се намалат рестриктивните мерки, тогаш ќе мора да се зголеми и личната одговорност на секој од нас, вели Манчевски.

Коментари

коментари