среда, 6 декември, 2023

Битолчанец украл 450 денари – заработи притвор

Јавното обвинителство во Битола донело Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Разбојништво од член 247 став 1 од Кривичниот законик.

На 17-ти мај била извршена кражба, во која осомниченото лице ја пресретнал оштетената личност на улица и силно ја турнал со раце.

Кога жената паднала, удрила со глава во земјата, потоа осомничениот и го одзел паричникот во кој имало 450 денари и лични документи.

Затоа што постои опасност осомничениот да се обиде да избега или да го повтори делото или пак да влијае врз сведоците, јавниот обвинител до судијата за претходна постапка доставил предлог за определување на мерка притвор.

Брзо потоа, судот го прифати ваквиот предлог и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Коментари

коментари