понеделник, 18 октомври, 2021

Убава вест: Во понеделник сите остануваат дома

Министерството за труд и социјална политика соопштува 24 мај (недела) е државен празник „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители.

Исто така, 24 мај (недела) е државен празник – Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам.

Понеделник, 25 мај е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика им ги честита празниците на граѓаните.

Повеќе за браќата Кирил и Методиј

Св. Кирил и Св. Методиј Солунски се родени браќа од Солун,од угледно и богато византиско семејство, татко Лав и мајка Марија.

Постариот брат, Методиј, како офицер помина десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечи на гората Олимп и се предаде на монашки подвиг.

Овде подоцна му се придружи и Кирил (Константин Филозоф). Кирил и Методиј, познати како солунските браќа просветители, имаат голема улога во словенската историја. Нивното дело ги описмени словенските народи.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!