Студентите од Кочани ќе добиваат поголема стипендија

Студентите кои се жители на општина Кочани во иднина ќе добиваат поголеми стипендии. Станува збор за стипендиите кои ги доделува самата општина.

Оваа одлука доаѓа по барањето на независниот советник Венко Крстевски во 2019 година, а истиот е ставен на гласање и изгласан со 5 гласови „ЗА“.

До овој момент студентите од Кочани од општината добиваа месечно по 2.500 денари, но веќе од следната студентска сезона износот ќе се зголеми на 3.000 денари.

За ова се огласи и самиот советник Венко Крстевски кој им се заблагодари на сите оние што го прифатиле овој предлог.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!