Прв македонски фудбалер позитивен на Ковид-19

Македонскиот фудбалски интернационалец Изаир Емини е првиот позитивен македонски фудбалер на ковид-19 и воопшто прв позитивен во косовскиот фудбалски шампионат јавија косовските медиуми, пренесува Батали.нет.

Тој е член на Фудбалскиот клуб Дрита од 2019 година, а претходно настапуваше за Шкендија, од 2017 до 2019 година.

Една година играше во албански Кукс, а исто така играше и две години во Ренова.

Емини бил тестиран во приватната клиника Аџибадем Систина во Скопје заедно со уште деветмина фудбалери од неговиот тим.

Сепак, не чувствува силни симптоми на коронавирусот и засега е во домашна изолација.

Коментари

коментари