Полициски час од 19 часот во сабота, до вторник до 5 часот наутро, предлага Комисијата за заразни болести

Полицискиот час да трае од 19 часот во сабота, па до вторник, до 5 утрината. Ова е предлогот на Комисијата за заразни болести кој е доставен до Владата.

Денеска пак Владата треба да донесе одлука по овој предлог.

Не е јасно каква ќе биде одлуката, но според неофицијални информации, доколку не биде во целост прифатено ова барање, во најмала рака ќе има полициски пред 19 часот секој ден од викендот.

Во некои од опциите се споменува дека е можно во сабота, недела и понеделник да има полициски час од 14 часот до 05 часот.

Во секој момент се очекува и официјална одлука од Владата на ова прашање. Доколку се прифати барањето на Комисијата за заразни болести – тогаш полицискиот час ќе трае од 19 часот во сабота до вторник наутро во 05 часот.

Коментари

коментари