‘Кога одев во основно училиште, родителите ми даваа мал џепарлак’

Жена на возраст од 33 години ни испрати порака, со која порача дека родителите и тоа како треба да бидат внимателни со воспитувањето на своите деца. Затоа што, како што вели таа, токму децата се огледало на родителите.

Таа ни раскажа една своја приказна кога била мала и зошто има ваково размислување.

-Кога одев во основно училиште, родителите секој ден ми даваа мал џепарлак за ужинка, но секогаш покрај тоа ми велеа: „Немаме многу пари, но одделуваме од нашите усти да ти дадеме на тебе“.

Секој денар што го добив беше со приговор. Многупати земам пари, но не ги трошам, па ги враќам назад во новчаникот на мајка ми, затоа што се чувствував виновна што ги земав парите. Никогаш таа не забележуваше и секогаш беше истата приказна.

Моите родители не знаат дека многупати во училиштето сум останала мртва гладна, затоа што ми нафрлуваа кривица за тоа што ми даваа пари за ужина.

Господ сакаше, па денес имам свое дете и го растам на поинаков начин. Никогаш за ништо немам преречено. Па јас сум родител, секако дека ќе одделувам од својата уста за да му дадам на моето чедо.

Среќна сум кога моето дете има. Не е дека сега сум богата или нешто слично, но не кукам и научив да живеам со тоа.

Подобро јас да бидат гладна, отколку моето дете. Нема да ми биде прв пат.За себе секогаш се снаоѓам, го научив тоа од мали нозе.

Коментари

коментари