Георгина се пофали дека му прави фризура на Роналдо, но сите гледаа во еден друг детаљ (ФОТО)

Кристијано Роналдо пристигна во Италија заедно со неговата партнерка Георгина Родригез, а атрактивната Георгина уште еднаш имаше улога на фризер на Роналдо.

„Вежбам плетенки. Овој модел знае да седи мирно“, напиша Георгина.

Сепак никој не гледаше во плетенките покрај вакво деколте.

Нема што, добра фризура!

„Би сакала еден ден да му станам сопруга“

За свршувачката на Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез досега се шпекулираше многупати, односно секојпат кога Џорџина ќе носеше прстен на домалиот прст.

Сепак, во разговорот за Hola магазин, 25-годишната девојка на Роналдо откри дека иако заедно ги растат дечињата, сепак тој не ја побарал за сопруга.

„Секој пар сака да стапи во брак и јас лично би сакала. Моментално имаме други приоритети и премногу обврски, иако во иднина би било прекрасно да му станам сопруга на Кристијано.“

Прекрасната бринета ја даде оваа изјава во интервјуто само неколку дена по смртта на нејзиниот татко, кој подолго време бил болен.

Во истото интервју раскажа и дека Роналдо и заедничката ќерка Алана Мартина никогаш не го запознале нејзиниот татко, бидејќи отслужувал долгогодишна затворска казна во Шпанија поради законски прекршоци поврзани со дрога.

Коментари

коментари