‘Се омажив пред 2 месеци, а овде каде што живеам има еден стар човек’

Се омажив пред две месеци, а во улицата каде што живеам сега има еден стар човек кој живее сам. Мојот маж вели дека жената го оставила и со себе ги земала децата пред околу 15 години, па од тој момент тој живее сам.

Го нарекуваат ЧУДАК, со никој не зборува и сите од улицата го избегнуваат, како да е чудовиште. Живее во разрушена куќа без струја, греење.. без ништо, навистина не знам како преживува.

Ианку сум по природа емотивна и веќе неколку пати на мојот маж му велев да одиме кај него и да му понудиме помош, но мојот маж веднаш одби и рече дека е подобро да не се плеткаме со него.

Денес го славев мојот роденден и одлучив да направам добро дело, го натерав мојот маж да оди кај тој човек и да му однесе парче торта, како и храна од прославата.

Имав потреба на овој човек да му помогнам, барем да се обидам да му помогнам.

Кога влеговме во неговата куќа, не дочека голем неред, прашина, гадни ствари… повеќе личеше на штала отколку на куќа, а потоа го најдовме него во собата како седи на подот со солзи на очите, а околу него безброј стари слики, слики од неговата фамилија, неговата жена, ќерка и син.

Кога не забележа се изненади, занем и потоа не шокираше. Ни посака добредојде, се извини поради нередот, при што не понуди со вода, затоа што ништо друго немаше.

Додека седевме ја отвори душата, немате претстава колку добар човек, воопшто не ЧУДАК каков што го сметаат со години. Едноставно сплет на несреќни околности и предрасуди го направиле тоа што луѓето го нарекувале чудак.

Следниот ден го поканивме на ручек и се согласи. После тоа разговарав со мојот маж и му предложив да се обидеме да организираме да му се среди куќата, а потоа и да се врати во нормален живот. Има само 47 години, заслужува нешто добро.

Коментари

коментари