Необична, но крајно вистинита приказна доаѓа од соседна Албанија, поточно од село Паток, а за која пренесуваат и повеќе балкански медиуми.
Фамилија која имала магаре, откако го искористиле за се и сешто, се одлучиле да се ослободат од него, бидејќи било старо и не можело да им ги задоволни нивните барања.
Тие одлучиле да го искористат како храна за волк кој претходно го заробиле и го држеле затворен кај себе.
Кога ги ставиле во една просторија, очекувале волкот да биде агресивен и веднаш да го нападне магарето, но наместо тоа, тој бил крајно љубезен и нежен кон него, што било крајно необично.
Оваа приказна брзо се расширила меѓу населението во селото, при што некој го пријавил случајот во властите и притоа започнале петиција со која барале животните да бидат третирани како што заслужуваат.

Поради бурните реакции, властите реагирале брзо и набрзо на фамилијата им наредила да ги ослободи животните.
Магарето добил нов дом кај луѓе од кои ќе биде сакан, додека волкот е вратен во шумата.