четврток, 28 септември, 2023

Конечно се знае кога ќе се укине полицискиот час во Македонија

Викендов ќе се отворат кафулињата и рестораните, но ќе работат само летните тераси, масите ќе бидат поставени на одредено растојание.

Воедно ќе се примаат и ограничен број на гости согласно квадратурата на објектот, вели за ТВ24 директорот на Центарот за јавно здравје – Скопје, д-р Арбен Зибери.

Зибери информира и дека од следната недела се планира и укинување на полицискиот час – вест која ја израдува цела Македонија.

Во меѓувреме продолжува скринингот на вработените во детските градинки, по што ќе следува и скрининг на вработените во домовите за стари лица.

Целото интервју за 24.мк погледнете го ТУКА.

Коментари

коментари