петок, 29 септември, 2023

Да сте вечни: Свадба во Итна медицинска помош во Скопје

Вработените при Итната медицинска помош – Скопје пријатно ги изненадија своите колеги, докторите Маја и Димитар, кои беа спречени да го изречат судбоносното „да“.

Маја и Димитар Ангеловски планираа својата свадба да ја одржат на 17 мај, меѓутоа поради епидемијата на ковид-19 биле принудени да ја одложат.

Но, тоа не ги спречи вработените во Итната медицинска помош – Скопје да им го разубават денот на младите докторите. На младата двојка тајно им купиле торта и бидермаер.

-Бевме тажни. Тоа требаше да биде најсреќниот ден во нашиот живот, но понекогаш и најважните моменти од животот се спречени непредвидливи ситуации. Веројатно нашите колеги и пријатели ја забележале нашата меланхолија и сакале да не развеселат. Ништо не знаевме за нивните намери.

-Секако дека бевме пријатно изненадени. Можеби бевме спречени да го кажеме судбоносното „да“, но нашите пријатели ни приредија незаборавен ден. Набргу потоа на Фејсбук се појавија фотографи, и многумина поверуваа дека навистина сме правеле свадба и започнаа да ни честитат. Планираната свадба не се одржа, но нашата љубов е посилна од епидемијата ковид-19. Судбоносто „да“ ќе го кажеме во октомври оваа година – вели Ангеловски.

Коментари

коментари