среда, 30 септември, 2020

Во Црна Гора за време на пандемијата цвета проституцијата

Во последните месеци проституцијата се зголемува во Црна Гора а нејзиното ширење не го спречи ни новиот коронавирус. Вирусот „Ковид-19“ влијаеше само на времето кога се нудеа услуги, пишува подгоричкиот портал Вијести, повикувајќи се на официјални податоци.

Како што се наведува, поради зголемената сиромаштија и губење на работни места поради епидемијата, сè повеќе има такви кои нудат сексуални услуги, а има се повеќе и повеќе случаи кога една жена, на барање на сопругот, започнува да се занимава со проституција.

Според порталот, услугите за проституција биле нудени повеќе во текот на денот, со цел да се избегнат мерките зазабрана за движење, кои важат од прогласувањето на епидемијата.

Директорката на невладината организација „Безбедна женска куќа“, Љиљана Раичевиќ, вели дека според нејзините информации, проституцијата процветала во последните месеци со зголемувањето на сиромаштијата и дека станува збор за „малолетни лица“, но и дека полицијата знаела за некои настани и не реагирала.

Како што рече, има се повеќе и повеќе случаи кога жената е принудена да ја заврши таа работа, а како пример наведе жена од Никшиќ, мајка на четири деца, која сопругот алкохоличар ја принудувал на проституција, понекогаш и за пет евра.

Извор: Локално

Коментари

коментари

error: Content is protected !!