Текст за кафето во Охрид кое ќе „чини“ 350 денари

За оние кои шират лаги за кафето во Охрид од 350 денари!

Пријатели,

Кафето во Охрид ниту било, ниту ова лето ќе биде 350 денари како што саркастично и до коска зајадливо пишуваа одредени медиуми и портали. За нас угостителско – туристичките работници и хотелиери ваквата пропаганда не е нова.

Таа трае со децении, но од година во година ја менува формата и пораката. Кој ја отвора „војната“ може да се претпостави, а губитници сме сите ние.

Како член на асоцијацијата ХОТАМ имам право да коментирам:
Ние уште ги трпиме штетите од Ковид 19, а последиците никој не може да претпостави до кога ќе бидат наш придружник.

И додека очајно бараме сламка за спас и веруваме, како и најголем дел од нас, во здравството, препораките и уредбите на Владата од која патем чекаме помош, доаѓаат за нас шок вестите од типот Охрид не е Пефкохори…

И за волја на вистината, Охрид не е Пефкохори (ништо злобно или против нивните понуди).

Но, навистина споредбата на Охрид со ново измислени спални соби, само за сезоната, кои се во нашето опкружување и подалеку е прашање и момент на невкус и не почитување на сопственото.

Повелете на кафе во Охрид со поглед на Охридското Езеро и градот со милениумска историја. Едни на други сме си потребни! Само да си замине короната.

Фејсбук статус Лазе Таневски – Laki Hotel & Spa

Коментари

коментари