среда, 30 септември, 2020

И пратив писмо на љубовницата на маж ми: Драга Дијана

Драга Дијана!

Немој да се изненадиш што го знам твоето име. Пред се, сакам да ти кажам дека за ова писмо мојот сопруг воопшто не знае дека ти го праќам.

Се е едноставно: неколку случајно не-избришани пораки во телефонот, чудни повици во текот на ноќта, неговите итни непланирани работни патувања – и се знам за вашиот роман. Освен тоа, морам да кажам, многу интересно, веќе трет месец го следам развојот на вашата драматична сапуница. Немојте да мислите, не Ви пишувам затоа што сум љубоморна или лутна, не, напротив.

Едноставно, вашата „Касандра“ стана толку досадна, монотона и еднолика, што решив да ви дадам неколку совети. Тешко е да се гледа како вашите односи станаа монотони. Се надевам дека моите совети можат да му дадат свежина и разноликост на вашиот роман.

Како прво, не можам а да не признаам дека сте паметна и вредна. Сте избрале добра тактика. Мојот маж е толку мрзлив и конзервативен, што сам никогаш не би одлучил да ме изневери. Но, вашата упорност, исрајност и опсесија, направиле чудо.

Сега, веднаш сакам да ве предупредам дека СМС пораките од типот: „Сакаш ли со мене во кино после работа“, „Би можеле да прошетаме утре во паркот“, не можете да го фатите бикот за роговите. Мојот сопруг е многу зафатен човек, затоа подобро веднаш купете карти за кино, односно преземи иницијатива или ништо нема да се случи.

Знаејќи го напамет карактерот на мојот сопруг, се кладам дека не се пали на гадно-детски пораки од типот: „Не можам да живеам без тебе“, „Мојот живот нема смисол без тебе“, „Те сакам секоја секунда“. Зарем не сте толку паметни да не разберете дека тоа нема смисол. Зарем и по тие пораки, а не добивање на одговор не се замисливте дека треба да ја промените техниката.

Како второ, вашите шанси, барем засега се еднакви на нула, затоа што сте фарбана плавуша, со долга коса. Да, јас внимателно го проучив вашиот профил на социјалните мрежи, тоа барем не беше тешко, затоа што го познавам мажот и кој додава за пријатели. Ќе ве разочарам, ама тој една таква плавуша веќе има. Таа ви го пишува ова писмо.

А на мажите им е потрбна различност. Познавајќи го како своите пет прсти на раката, можам да кажам дека му се свиѓаат црвенокоси жени, со големи гради. Затоа веројатно ќе мора да посетите салон за естетска хирургија и да носите штикли не помали од 13 центиметри. Тогаш барем ќе имате надеж. Такви мажи како мојот (а сигурна сум, и ваш) сакан, толку се моногамни, што ќе се одлучат жената да ја изневерат и со проститутка, поради исполнување на своите потајни желби.

Се надевам Дијана ќе можете да читате меѓу редови. Би ви била благодарна со своето присуство да не го рушите мирот и спокојот на нашиот фамилијарен живот. Инаку, сите ваши сентиментални СМС пораки ќе ги испратам на одреден господин Никоја, кој според вашиот Фејсбук профил е ваш законит сопруг. Не верувам дека и тој ќе биде воодушевен.

Се надевам на ваш здрав разум, поради што не би имала потреба да одам до екстремни мерки.

И уште нешто. Ако ви биде потребна помош во обидот за преземање на мојот сопруг, секогаш ќе ви стојам на располагање. Контактирајте ме во било кое време, секогаш може да сметате на мене. Како жена, целосно ве сфаќам. Секогаш сум подготвена да ви одговорам на било кое прашање и да ви дадам корисен совет.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!