среда, 30 септември, 2020

Детали од обдукцијата: Како починал Коби Брајант

Поминаа четири месеци од големата трагедија и хеликоптерска несреќа во Лос Анџелес, каде животот го загубија 9 лица, меѓу нив и кошаркарската легенда Коби Брајант.

Денес беа објавени детали од обдукцијата за смртта на сите 9-мина, а кај сите причината за смртта е силна траума. Кога хеликоптерот се урнал во ридот, сите се здобиле со сериозни и фатални повреди.

Извештајот, кој е на 180 страни, покажува колку била брутална несреќата, лицата се здобиле со бројни скршеници, имало распарчени делови од тела, а телото на Коби Брајант било уништено до тој степен што идентификација била направена преку отпечатоци од прсти.

Токсиколошката анализа покажала дека пилотот бил негативен на алкохол и дрога, а негативни биле тестовите и на сите останати.

Причините за несреќата се уште не се познати, се верува дека лошите временски услови придонеле за големата трагедија.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!