Во секој момент претседателот на државата Стево Пендаровски треба да изелзе на прес-конференција и да соопшти која е одлуката односно дали ќе има нова вонредна состојба во Македонија.
Владата му предложи нови 30 денови вонредна состојба на Педаровски, кој најверојатно и ќе ја продолжи, барем според неофицијалните информации од неговиот кабинет, од каде како опција се споменува и 15 денови вонредна состојба.
Ако вонредната состојба се продолжи на 30 денови, тогаш со сигурност избори нема да има во јуни, а според најавите, истите би можеле да бидат на 12-ти јули, прв можен термин.
Техничкиот премиер Оливер Спасовски, кој воедно е потпретседател на СДСМ изјави дека ДИК треба да ги спроведе изборите согласно со роковите предвидени со Уредбата на Владата за избор.