петок, 26 февруари, 2021

Ако има вонредна состојба, мора ли да има полициски час – Пендаровски објасни се

Претседателот на државата Стево Пендаровски во дебатното издание на ТВ24 посочи дека полицискиот час може да биде на сила и без да има вонредна состојба.

„И после 14 дена теоретски Владата може да го задржи полицискиот час за некои категории или за времен период од денот, може, а може и да имате вонредна состојба и воопшто да немате полициски час. Едното со другото не е поврзано, меѓутоа во овој временски период се преплетоа работите“, истакна Пендаровски.

Според Пендаровски, надлежните органи добро се справуваат со корона кризата, но во вонредна состојба смета дека имаат повеќе механизми за носење на економско-социјални мерки во корист на граѓаните. Причината за третото прогласување на вонредна состојба, претседателот тврди дека не е поврзана со датумот за парламентарните избори за кои допрва треба да разговараат политичките лидери.

По добиеното мислење на хартија од Државната изборна комисија, Пендаровски вели дека нема да даде толкување, освен што вели дека комисијата има обврска да направи план за работа тогаш кога ќе се утврди датумот за избори.

На Советот за безбедност присуствуваа и дел од министрите-членови, како и собранискиот спикер Џафери и премиерот Спасовски кој реферирал за сработеното од последната 30 дневна вонредна состојба. Претседателот по средбата со нив, рече дека од Владата побарал да размислат за намалување на рестрикциите за движење.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!