Здружението на кабелски оператори ќе ги покачи претплатите, ако се формира фонд за медиумите

Сакаме да ја запознаеме јавноста во Р. Македонија дека Стопанската интересна заедница на оператори на кабелска мрежа МК НЕТ Скопје не се согласува со намерата на Владата на Република Северна Македонија да се формира фонд за подршка на медиумите, а кој фонд ќе треба да го финансираат кабелските оператори.

Ваквата намера на Владата ќе предизвика зголемување на месечната претплата.

Доколку Владата ја донесе Уредбата со законска сила со која ќе се формира фонд за подршка на „профитабилни“ медиуми, ја известуваме јавноста дека кабелските оператори ќе бидат приморани да ја зголемат месечната претплата на своите претплатници, или да пристапат кон исклучување на телевизиските канали кои во овие тешки времиња сакаат да се богатат на грбот на граѓаните.

Со почит, Дејан Јорданов, Стопанска интересна заедница на оператори на кабелска мрежа МК НЕТ Скопје

Коментари

коментари

error: Content is protected !!