четврток, 13 август, 2020

Нема да има протест против полицискиот час во Скопје – ова се причините

Протестот против полицискиот час кој пред неколку денови беше најавен на социјалните мрежи и имаше креирано настан е откажан.

Една од организаторките на настанот, Емилија Богатинова ова го објави на настанот, кој неколку минути подоцна и го избриша, при што сега не е достапен.

Причините се повеќе, а истите ги објави Емилија која напиша дека протестот во недела во 12 часот е откажан поради:

-Не доволна заинтересираност

-Препораката на Министерот за здравство Венко Филипче да се откаже протестот

-Веќе постои протест кој е најавен на 16.05.2020 односно два дена пред овој протест

-Со цел да се избегне јавен собир/гужва на уште еден протест познавајќи ги нашите граѓани сите знаеме дека не секој се придржува до мерките за заштита!

Коментари

коментари

error: Content is protected !!