Паника во Русија: Блискиот соработник на Путин хоспитализиран поради корона вирусот

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за руските новинари денеска изјави дека е хоспитализиран поради коронавирус.

-Песков последен пат бил виден во јавност на 30 април на состанок со Владимир Путин.

Руските новински агенции, ТАСС и Интерфакс, јавуваат дека 52-годишниот помошник на рускиот претседател Владимир Путин изјавил: „Да, се разболев. Се лекувам”.

Песков е портпарол на Путин од 2008 година, но започнал да работи со него уште од 2000-та година.

Асошиетед Прес известува дека Русите кои имаат вирус, но немаат никакви симптоми, можат да останат дома, и затоа не е веднаш јасно дали хоспитализацијата на Песков ја одразува тежината на неговата состојба или е само заради претпазливост.

Известувачите од Кремљ во порака на Твитер соопштија дека Песков последен пат бил виден во јавност на 30 април „на состанок со Владимир Путин“.

Асошиетед Прес објави дека не било јасно дали тоа значи дека двајцата биле во иста просторија, бидејќи Путин ги спроведува сите свои состаноци преку телеконференциска врска во последните неколку недели.

Извор: VOANEWS

Коментари

коментари

error: Content is protected !!