понеделник, 21 септември, 2020

Од утре со работа започнуваат обложувалниците – типувачите среќни, ама замислени

По речиси двомесечна пауза, од утре повторно продолжуваат со работа обложувалниците ширум државата.

Сите објекти на обложувалниците беа затворени кога започна пандемијата со корона-вирусот и два месеци беа почитувани рестриктивните мерки.

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска на прес-конференција најави дека ќе започне олабавувањето на рестриктивните мерки и дека постепено треба да започне враќање на животот во нормала.

Една од мерките е да се дозволи отворање шалтерски систем на обложувалниците.

-„Состојбата во земјата е оценета како стабилна и согласно тоа комисијата за заразни болести преку Министерството за здравство до Владата ќе го достави предлогот за олабавување на рестриктивните мерки и тој предлог-план предвидува во оваа недела да се отворат и да се вратат во функција центрите за едукација, обука, семинари на возрасни, организација на седници на органи за управување, автошколи, испитни центри, спортски тренинзи на отворено за индивидувални спортови, тенис, спортски и други обложувалници преку шалтер без угостителска дејност и затворени трговски центри“, изјави министерот Филипче на денешната прес-конференција, додавајќи дека постепено треба да се врати животот во нормала, изјави министерот Венко Филипче.

Во најголем дел од Европа е најавено дека ќе продолжат фудбалските првенства. Од топ 5 лигите во Европа, рестарт први ќе направат Германците, а Бундеслигата ќе продолжи на 16 мај.

Согласно олабавувањето на рестриктивните мерки, обложувалниците од утре започнуваат со работа согласно прописите.

Сите кои ќе ги посетат обложувалниците, ќе треба да ги почитуваат прописите дадени од Владата и од Министерството за здравство.

Типувачите среќни – ама замислени, што би можеле да одиграат во овие времиња, кога речиси и нема фудбал, кошарка, ракомет, тенис и други актуелни спортови, а за опции ги има само индивидуалните спортови и тоа не сите.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!