Масовно каменување на 5Г антените во Македонија – настан креиран на Фејсбук

На социјалните мрежи масовни се шири и споделува настан кој е направен денес и кој е насловен како: „Масовно каменување на 5G антените на Македонски Телеком“.

Настанот е креиран од извесен Џево Ибраими, а на истиот до овој момент има околу 500 што најавиле дека ќе одат и 1.000 кои се заинтересирани за настанот.

Ова би требало да се реализира на 25-ти мај во понеделник, со почеток во 17 часот.

Во описот на настанот стои:

Според сите достапни информации, ниедна телекомуникациска компанија во светот нема презентирано релевантна студија од која недвосмислено ќе се види дека 5G технологијата на ниеден начин не го загрозува здравјето на луѓето и нема никакви негативни последици по животинскиот и растителниот свет.

Напротив, има безброј примери и докази за негативни последици по здравјето на луѓето и загрозување на животните и растенијата. Сведоци сме на секојневен помор на пчели, птици, насекаде низ светот, луѓе заболуваат од тешки болести во областите во кои веќе е инсталирана и ставена во функција 5G технологијата.

Да се освестиме додека сеуште има време. Да не дозволиме да нѐ залажуваат со наводните придобивки од воведувањето на 5G. Не нѝ треба ништо што ќе ги загрози животите на нашите деца, ништо што ќе ги уништува животните и растенијата на планетава. Насекаде низ светот луѓето се мобилизираат и превземаат акции за спречување на исталирањето на 5G технологијата.

Како резултат на тоа, повеќе држави во светот прекинуваат со понатамошно ширење, и дури се откажуваат од воведувањето на оваа штетна и загрозувачка технологија.

Линк до настанот – ОВДЕ.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!