понеделник, 19 април, 2021

Понеделнички лоши вести: Нема олеснување на мерките

Комисијата за заштита од заразни болести сè уште не разговарала за олеснување на превентивните мерки воведени за заштита од ширењето на вирусот Ковид-19.

Според извори од комисијата, големиот број заразени лица утврдени денеска ја натера Комисијата да го одложи олеснувањето на мерките. Следната средба е утре, пренесува Алсат.

Како што претходно објавивме, во последниве 24 часа се утврдени 22 нови случаи на Ковид-19, од изработени 145 тестови.

Од нив, во Скопје-13, Прилеп-2 и Тетово-7.

Здравствените власти, како што е најавено, препораките ќе ги донесат врз основа на статистиката од последните два дена (денеска и утре) за состојбата со епидемијата.

Лажна вест дека „сте контакт на заболена од ковид-19“, Филипче: Не подлегнувајте на манипулации

Меѓу граѓаните се шири меил со невистинита содржина испратен од лажна адреса која наликува на Министерство за здравство. Известен е Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР кој веќе постапува за овој случај, информира министерот зз здравство, Венко Филипче.

Мојот колега ве контактираше порано, но немаше одговор од вас.

Претходно минатата недела, имаше три потврдени случаи на ковид-19 во вашата област и еден од пациентите ве наведе како еден од нејзините физички контакти во последните 14 дена.

Во согласност со модалитетите на контактните траги и законите на кои работиме во Министерството за здравство на Македонија, препорачуваме да поднесете тест за ковид-19.

Потребните детали за вашето назначување во Министерството за здравство на Македонија се содржани во приложената форма.

Прочитајте ги упатствата правилно и проверете дали сте тестирани, бидејќи неуспехот на тоа ќе резултира во апсење и гонење.

Ако имате какви било прашања во врска со оваа е-пошта, слободно контактирајте ме во секое време“, пишува во пораката.

На пораката е потпишана извесна др.Адметос Јовановска.

Министерот Филипче реагираше на социјалните мрежи со апел до сите да не потпаѓаат на оваа манипулација.

Официјалната и-меил адреса на Министерството е: [email protected] Ширење лажни информации, особено во овие кризни времиња, е опасно за здравјето и безбедноста на граѓаните и штетно за целото општество“, напиша Филипче.

Министерот Филипче реагираше на социјалните мрежи со апел до сите да не потпаѓаат на оваа манипулација.

Официјалната и-меил адреса на Министерството е: [email protected] Ширење лажни информации, особено во овие кризни времиња, е опасно за здравјето и безбедноста на граѓаните и штетно за целото општество“, напиша Филипче.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!