Мал број новозаболени денес – изборите се реалност

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 64 оздравени пациенти.

Скопје 17 – Куманово 9 – Прилеп 12 – Тетово 3 – Струга 12 – Охрид 9 – Гостивар 1 – Кичево 1

Во изминатите 24 часа направени се 145 тестирања, а потврдени се 22 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-13, Прилеп-2 и Тетово-7. Досега во земјата се направени вкупно 19241 тестирања на ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1664, бројката на оздравени пациенти е 1200, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 373.

Ова е крајно позитивна бројка на еден ден пред одржување на лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски, каде ќе се разгледува опцијата кога ќе бидат одржани изборите, кои требаше да се одржат на 12-ти април.

На лидерската средба СДСМ ќе бара избори на 14-ти јуни, додека ВМРО-ДПМНЕ преферира избори во првата половина од јули. Според неофицијални инфорамции, тие ќе се договорат на средина односно избори на 28-ми јуни.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!